ЕДукативЕН КУЛтурен ЦЕНТАР Креираме нова платформа ГРАДСКИ SИД ЛАБОРАТОРИУМ
ОТВОРЕН ПОВИК

ГРАДСКИ ЅИД
за НОВИ ЛИЦА во
македонската уметност

ГРАДСКИ ЅИД за НОВИ ЛИЦА во македонската културна сцена ЛАБОРАТОРИУМ објавува отворен повик за учество во програмата, иницијатива која има за цел да одговори на недостатокот на поддршка и видливост за младите уметници во Северна Македонија. Во контекст каде младите автори често се соочуваат со недостаток на поддршка, ресурси и простор, проектот создава структурирана и поддржувачка платформа за новата генерација на креативци и уметници.
→ Аплицирај сега
ART
NOW
WORK
// Кој може да се пријави?
Повикот е наменет за:
  • Млади уметници (18–25 години)
  • Автори во рана фаза на кариера
  • Индивидуалци без или со ограничено изложбено искуство
  • Дисциплини: визуелни уметности, фотографија, музика, дизајн, литература, перформанс, мултимедија итн.
Програмата активно поттикнува
Децентрализација
Учество на уметници надвор од Скопје, со цел поттикнување на децентрализација на културната сцена.
Родова рамнотежа
Рамноправна застапеност и поддршка на сите родови во уметничката практика.
Разновидност во дисциплини
Отворени за сите уметнички форми: визуелни уметности, музика, дизајн, литература и повеќе.
Инклузивност на заедници
Инклузивност на уметници од различни заедници, средини и искуства.
Што добиваш?
1-месечна резиденција во Лабораториум (простор за работа)
Транспорт до Скопје и престој (за учесници од други градови)
Авторски хонорар
Пристап до техника, опрема и материјали за креирање
Индивидуална менторска поддршка (куратори, уметници, продуценти)
Професионална поддршка за развој на идеја и продукција
Јавна презентација на делото
Промоција и медиумска видливост
Фотографии и видео материјали од работниот процес
Учество во еден голем заеднички настан на крај на годината
Процесот на развој и продукција на делата ќе биде под менторство на искусни и истакнати професионалци од соодветните области, со цел делата да ги оправдаат критериумите за квалитет, оригиналност и уметничка релевантност.
Како да аплицираш?
01
Твои податоци
Основни информации за тебе
02
Кратко био
Твој опис
03
Мотивација и проект
Опиши ја твојата идеја и зошто сакаш да учествуваш
04
Портфолио
Линк до твои претходни работи
→ Google Формулар
Критериуми за избор

Изборот ќе го врши комисија составена од истакнати уметници и професионалци од различни области на културата.

01
Креативност и оригиналност
02
Јасност и изводливост на проектот
03
Потенцијал за развој
04
Мотивација и ангажираност
05
Портфолио / уметнички сензибилитет
Временска рамка
30.03
Отворен повик
15.04
Рок за аплицирање
25.04
Објава на резултати
01.05
Почеток на програмата
Зошто да се пријавиш?
  • Го развиеш својот уметнички глас
  • Работиш со искусни професионалци
  • Создадеш ново дело
  • Се претставиш пред публика
  • Станеш дел од новата генерација на македонски уметници
Програмата „ГРАДСКИ ЅИД за НОВИ ЛИЦА во македонската уметност" се реализира во рамки на проектот „Култура за развој", поддржан од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Хертефакт Фонд.
// Контакт
GET IN
TOUCH
За дополнителни прашања
contact@laboratorium.mk
Доколку имате прашања во врска со повикот, условите за учество или процесот на аплицирање, пишете ни или јавете се.